Многупати сакаме цел ден да останеме в кревет и да не правиме ништо, и поради тоа најчесто пиеме енергетски пијалоци и кафе. Но најдобар начин за зголемување на нашата енергија е природниот начин со помош на витамини. Еве неколку витамини кои ја зголемуваат енергијата:
ЖЕЛЕЗО
Железото е дел од секоја клетка на телото и има голема улога во создавањето на силен имунолошки систем. Тоа се апсорбира преку тенкото црево. Храна богата со железо: црвено месо, јајца, спанаќ и морска храна.
МАГНЕЗИУМ
Магнезиумот игра важна улога во работата на кардиоваскуларниот, нервниот систем, мускулите, црниот дроб, бубрезите и мозокот.Се апсорбира преку цревата и потоа преку крвта се транспортира до сите делови на телото. Храна богата со магнезиум: бадеми, спанаќ, млеко од соја, леб и авокадо.
ЦИНК
Цинкот е потребен за создавање на многу хормони, меѓу кои и хормоните кои му кажуваат на имунолошкиот систем како да се бори со бактериите кои го напаѓаат. Организмот се справува полесно со грипот и настинките кога има доволно цинк во него, затоа што цинкот го зајакнува имунолошкиот систем. Храна богата со цинк: свинско месо, пилешко месо, грав и јогурт.
ВИТАМИН Б-12
Витаминот Б-12 неопходен е за формирање и одржување на здрав нервен систем. Нашиот организам има способност да го складира овој витамин во црниот дроб, доволен за 1 година и затоа недостаток од Б-12 е ретка појава. Храна богата со Б-12: говедско месо, скуша, ракчиња, школки, сирење и јајца.
No comments:
Post a Comment