4/06/2014

Дали протеинот од сурутка е штетен или корисен за консумирање?


Од што настанува протеинот од сурутка односно whey протеинот?

Протеините се едни од најважните состојки во човечкиот организам. Нив ги примаме со секојдневната храна. Овој протеин настанува од млекото. При преработка на млекото во сирење, доаѓа до издвојување на млечната сурутка, односно whey-от. Whey протеинот има најголема биолошка искористливост и осигурува голем број на аминокиселини од разгранетиот ланец  што резултира со изградба на ново и одржување на веќе постигнатото мускулно ткиво. Протеинот од сурутка е највисокиот квалитетен хранителен извор на протеини. Ништо чудно што тој е многу популарен протеински додаток.

4/02/2014

Витамини кои ќе ви ја зголемат енергијата

Многупати сакаме цел ден да останеме в кревет и да не правиме ништо, и поради тоа најчесто пиеме енергетски пијалоци и кафе. Но најдобар начин за зголемување на нашата енергија е природниот начин со помош на витамини. Еве неколку витамини кои ја зголемуваат енергијата:


ЖЕЛЕЗО

Железото е дел од секоја клетка на телото и има голема улога во создавањето на силен имунолошки систем. Тоа се апсорбира преку тенкото црево. Храна богата со железо: црвено месо, јајца, спанаќ и морска храна.




4/01/2014

Како да ја зголемите телесната тежина

Речиси сите се опседнати со идејата дека треба да намалт по некој килограм, и се посветува многу големо значење на обезните луѓе, додека за потпросечно ухранетите т.е. слабите ретко да се пронајдат совети за зголемување на тежината. Еве неколку совети кои можат да ви помогнат да ја зголемите вашата телесна тежина.


3/26/2014

Напијте се чаша полна со здравје!

Сигурно сте се запрашале дали постои пијалок кој во исто време ќе биде вкусен, здрав и освежителен. Има многу идеи за вакви видови на пијалок, но не се доволно брзи или пак се потребни некои видови на овошје кои неможете да ги најдете во близина на местото каде живеете. Еве ви еден предлог, кој ги задоволува овие услови. Овој вкусен рецепт е добар за наутро, напладне, навечер, после вежбање, тренинг, напорни часови поминати на работа. Во замена на кафе или други газирани пијалоци во кои има многу шеќер.

3/25/2014

Како да се мотивирате да вежбате

Голем број од луѓето коишто започнале да вежбаат, по многу скоро време се откажале. Тоа значи дека тие имаат мала самодоверба, и немаат точно дефинирана цел поради која вежбаат. Мотивацијата за вежбање може да се стекне многу лесно. Еве неколку начини:

Дефинирајте ја вашата цел Сакате летово да изгледате прекрасно во новите бикини? Тогаш, време е за вежбање! Но ни случајно да не сте престанале со вежбањето по поминувањето на летото, бидејќи враќањето во форма е уште потешко.

3/20/2014

За витка линија и здрав живот

Распоредете ги оброците
Треба да применувате во текот на денот да јадете 3 оброка и 2 ужини но со помалку калории, а во никој случај да не дозволите вашето дневно мени да се сведува на два големи оброка.

Не ја полнете својата чинија
При сервирање водете сметка да сервирате помалку харана поради тоа што човек по навика јаде онолку колку што има во неговата чинија. Тоа значи дека ако сте сервирале помалку храна во просек ќе изедете помалку во текот на оброкот.

3/19/2014

5 начини за полесно станување наутро

Не можете да се оддвоите од вашиот кревет наутро? Тешко ви е да ги започнете вашите дневни активности? Постојат неколку начини како да го надминете тоа.

Избегнувајте прејадување
Важно е да јадете здраво за да имате доволно енергија. Немојте да консумирате брза храна, пред спиење и воопшто, ниту да земате преголеми оброци и да заборавите да ја контролирате тежината.