Сигурно сте се запрашале дали постои пијалок кој во исто време ќе биде вкусен, здрав и освежителен. Има многу идеи за вакви видови на пијалок, но не се доволно брзи или пак се потребни некои видови на овошје кои неможете да ги најдете во близина на местото каде живеете. Еве ви еден предлог, кој ги задоволува овие услови. Овој вкусен рецепт е добар за наутро, напладне, навечер, после вежбање, тренинг, напорни часови поминати на работа. Во замена на кафе или други газирани пијалоци во кои има многу шеќер.
Вкусен пијалок од вода и лиомон!
За подготовка на овој пијалок ви е потребно чаша со вода и лимон.
Во водата исцедете го лимонот и готово- Вашиот пијалок е подготвен. Наместо кафе или други газирани пијалоци во кои има многу шеќер, слободно земете чаша со вода и лимон.
За да биде уште повкусен и освежителен ставете го во замрзнувач или ставете неколку коци лед.
Зошто е толку здрав?
1. Го јакне имунитетот
Изобилоува со Ц витамин и тоа е главната состојка која ви дава голема свежина и енергија. Освен тоа Ц витаминот е витамин кој го јакне имунитетот кој пак му помага на организмот да се бори против настинките. Истовремено тој го олеснува варењето на храната и помага при надуеност во стомакот.
2. Богат е со многу витамини
Освен Ц во овој пијалок има калиум, кој делува добро на срцето, како и на мозокот.
3. Го освежува здивот
Лимонот влијае на намалување на забоболката. Бидејќи лимоновата киселина може да ја оштети забната глеѓ, треба да почекате пред да си ги измиете забите откако ќе го испиете пијалакот.
4. За здрава кожа
Антиоксидантите во лимоновиот сок помагаат за да се намали појавата на брчки и дамки на кожата. Тоа го спречува стареењето на кожата. Витаминот Ц помага при создавањето колаген кој пак ја одржува вашата кожа младешка.
5. За регулирање на тежината
Лимонот содржи пектин, кој му помага на организмот да се справи со гладот.
6. Се бори против токсините и отровите
Исто така поради лимонот кој е богат со Ц витамин, успешно се бори со токсините и отровите во организмот.
7. Го намалува стресот!
Само една чаша ви е доволна, за да се чувствувате добро и полни со енергија. Помага во борбата со депресијата и анксиозноста.
No comments:
Post a Comment