3/16/2014

Видео: Вкусни смуди рецепти

Сигурно некои од вас слушнале за „смуди“ (оригинално smoothie), но за многумина овој збор не значи ништо. На кратко, се работи за вид пијалак, сличен на милкшејкот, фрапе и лисуадо, но со една важна разлика: смуди е ЗДРАВ овошен пијалак.

Може да направите смуди од која било комбинација на овошје и зеленчук. Секоја ваша замисла можете да ја претворите во одличен освежителен пијалак, но доколку ви недостасуваат идеи тогаш нема да погрешите со следниве.



Смуди со банана и путер од кикирики

Потребни состојки:

* една средно голема банана
* 2 големи лажици путер од кикирики
* една супена лажица мед
* 130 мл обезмастено млеко



Смуди со боровинки, банана и портокал

Потребни состојки:

* 100 мл јогурт
* една банана
* 60 мл сок од портокал
* 50 грама боровинки
* една голема лажица пченични никулци
* половина лажица ленено семе




Тропско смуди со спанаќ

Потребни состојки:

* 130 мл обезмастено млеко
* 125 грама јагоди
* 60 грама ананас
* 15 грама спанаќ
* 30 грама овесни снегулки
* една лажица ленено семе



Смуди со праски и моркови

Потребни состојки:

* 250 грама бадемово млеко
* 50 грама моркови
* 250 грама праски
* 30 грама овесни снегулки
* една лажица ленено семе




Зелено смуди со банана

Потребни состојки:

* 250 грама бадемово млеко
* 100 грама боровинки
* една банана
* 30 грама спанаќ
* екстракт од ванила
* цимет




Смуди за чиста, беспрекорна кожа

Состојки:

* 1 цела главица анасон

Можете да го најдете скоро во сите продавници, анасонот претставува една голема енергетска централа. Витаминот С кој во изобилство го содржи анасонот, го спречува оштетувањето на клетките, додека антиоксидансите многу ефикасно ги смируваат воспаленијата. Анасонот е диуретик (што значи дека можете да се збогувате со потечените очи) и антисептик бидејќи ги убива бактериите.



* 1 големо цвекло

Цвеклото е богато со железо (кое се бори против темните кругови под очите) и витамин А кој и е потребен на кожата за да остане здрава.



* 2 зелени јаболка

Јаболката се богати со антиоксиданси, витамин С и влакна кои ги отстрануваат токсините од телото.


* 1 круша

Прво, крушите се многу вкусни. Второ, многу брзо го смируваат црвенилото на кожата. И трето, ензимите во крушата многу побрзо ги обновуваат клетките.



* 1 рака листови од глуварче

Ако можете да ги набавите, зелените листови од глуварче се многу богати со витамин А и се добри за функционирање на бубрезите. Внимателно кога ќе решите да користите листови од глуварче, погрижете се тие да се од продавница. Во ниеден случај немојте сами да ги берете бидејќи постојат шанси да содржат многу хемикалии. Ако не можете да ги најдете во продавниците, заменете ги со спанаќ или кељ.



Подготовка:

Убаво измијте ги сите состојки и ставете ги во соковник или блендер. Ако користите блендер додадете и една чаша вода. Бојата на смудито ќе се менува, од светло зелена до црвена. Чувајте го во ладилникот и промешајте пред употреба. Испијте го целиот пијалак во рок од 2 дена, па повторете ја целата постапка.



Смуди за блескава, чиста кожа и сјајна коса


                                                    



No comments: