3/25/2014

Како да се мотивирате да вежбате

Голем број од луѓето коишто започнале да вежбаат, по многу скоро време се откажале. Тоа значи дека тие имаат мала самодоверба, и немаат точно дефинирана цел поради која вежбаат. Мотивацијата за вежбање може да се стекне многу лесно. Еве неколку начини:

Дефинирајте ја вашата цел Сакате летово да изгледате прекрасно во новите бикини? Тогаш, време е за вежбање! Но ни случајно да не сте престанале со вежбањето по поминувањето на летото, бидејќи враќањето во форма е уште потешко.



Направете го вежбањето забавно Вежбањето е заморно, па затоа треба да направите нешто што за време на вежбањето ќе ве релаксира, така на пример можете да слушате музика, или да гледате некој добар филм.


Купете си облека за вежбање Во облеката за вежбање ќе се чуствувате способна да ја направите секоја вежба! А и сигурно ќе се чуствувате лошо доколку не ја искористите купената облека.

Следете го напредокот Пред да започнете да вежбате запишете ја вашата телесна тежина, измерете го обемот на вашата половина, обемот на рацете и нозете. После неколку седмици од вежбањето повторно имерете се и сигурно ќе ја забележите разликата. Ќе се чувствувате горди на самите себеси.

Наградете се Секогаш кога постигнуваме некоја наша цел се наградуваме! Па така и во овој случај! Доколку сте вежбале повеќе време, со заслуга можете да си ја купите маичката којашто ви се допаѓа!

No comments: