Денес на најубавиот ден, денот на вљубените, најдобар подарок е вкусната чоколада. Тоа вкусно задоволство без сомнение ќе ве исполни со љубов, и со таков подарок нема да згрешите! Чоколадото, со векови е омиленото слатко задоволство ширум светот, црно или бело, млечно или со лешници, во многу варијанти, големини и форми.
Еве неколку факти за чоколадото:
1. Чоколадото се добива со мешање на какао и одредена количина на шеќер.Какаото расте во тропските шуми и прашуми на Америка. Стеблата на какаото почнуваат да ги даваат првите плодови дури после 5 години, а најголемите приноси ги даваат со 10 години старост.