2/14/2014

Слатки задоволства- Чоколада и љубов

  Денес на најубавиот ден, денот на вљубените, најдобар подарок е вкусната чоколада. Тоа вкусно задоволство без сомнение ќе ве исполни со љубов, и со таков подарок нема да згрешите! Чоколадото, со векови е омиленото слатко задоволство ширум светот, црно или бело, млечно или со лешници, во многу варијанти, големини и форми.

Еве неколку факти за чоколадото:

1. Чоколадото се добива со мешање на какао и одредена количина на шеќер.Какаото расте во тропските шуми и прашуми на Америка. Стеблата на какаото почнуваат да ги даваат првите плодови дури после 5 години, а најголемите приноси ги даваат со 10 години старост.


2. Плодовите со облик на топка за американски фудбал, во себе обично содржат педесетина зрна какао. За производство на 30 грама млечно чоколадо потребни се 4 зрна, а за иста количина темно чоколадо – 12.
3. Откако ќе се извадат од плодовите, зрната се пржат и им се отстрануваат лушпите. Потоа за да се претворат во густа маса- како паста, се грет на високи температури. Потоа на пастата се додава шеќер и млеко. Според стандардите млечното чоколадо мора да содржи 10% какао паста, а темното - 35%. Белото чоколадо во себе не содржи какао, но мора да содржи минимум 20% какао путер и не повеќе од 55% шеќер.
4. Откако смесата ќе се излади и спакува, се праќаат во различни држави во светот, како на пример во Швајцарија каде се доработуваат, обогатуваат и подготвуваат за конечна продажба. 
5. Чоколадото најмногу се јаде во Европа, а оваа навика потекнува од раниот 18ти век кога Европјаните уживале во ова штотуку откриено слатко задоволство. 

ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНЕТЕ ОВДЕ

No comments: