. Оваа пирамида не води до живеење во подобар и поздрав живот. Со вметнување на оваа пирамида во нашето секојдневие ќе станеме поздрави, витални и ќе изгледаме совршено. Според првичната пирамда на прво место беа ставени интегралните зрна потоа растителните масла и дури трети беа овошјето и зеленчукот. Според современата пирамида на исхраната која е направена од низа нутриционисти собрани од целиот свет први на пирамидата стојат овошјето и зеленчукот.
- Зеленчукот и овошјето треба да се јадат од 2 до 3 пати во текот на денот. Тие се многу здрави бидејќи содржат многу витамини и минерали. Со јадење на овошјето и зеленчукот се намалуваат ризиците од добивање на удар или срцев напад, штити од најразлични типови рак, го намалува крвниот притисок, дејствува превентивно на појавата на хемороиди, штити од катаракта и макуларна дегенерација, што е главна причина за губење на видот кај луѓето над 65 годишна возраст, а освен тоа ја зголемува енергијата и прави да се чувствуваме свежи во текот на целиот ден.
2. Растителни масла
- Во оваа група спаѓа конзумирање на продукти богати со незаситени масти, како што се: маслинки, соја, пченка, сончоглед, кикиритки и други растителни масла но и масна риба како лососот. Тие се многу полезни за организмот бидејќи ги подобруваат нивоата на холестерол во крвта и го штитат и срцето од ненадејни и потенцијално смртоносни ритмички проблеми. Тие се здрави масти!
3. Интегрални зрна
- Во повеќето оброци треба да имаме интегралини зрна. Тоа подразбира во храната да имаме вклучено овес, пченка, јачменч, кафеав ориз. Сите тие содржат јаглехидрати кои се неопходни за енергија на организмот. Со конзумација на овие продукти се регулира покачувањето и намалувањето на инсулинот во крвта. Тоа ги намалува шансите за развоја на дијабетес и го контролира гладот.
4. Јаткасти плодови и мешунки
- Треба да се јадат од 1 до 3 пати во текот на денот. Треба да се јаде бадеми, ореви, кикиритки, лешници и ф'стаци бидејќи се добри за срцето. Тие содржат многу витамини, минерали, белковини, влакна.
5. Риба, живина и јајца
- Тие се важни бидејќи содржат белковини. Треба да се јаде риба, мисиркино и пилешко месо, јајца. Јадењето риба може да го намали ризикот од срцево заболување. Пилешкото и мисиркиното месо се исто така добар извор на белковини и може да содржат ниско ниво на заситени масти. Јајцата не се лош избор колку што се мисли. Всушност, едно јајце е многу подобар појадок од крофна пржена на масло кое изобилува со транс масти или кифла од бело брашно.6. Млечни производи или додатоци со калциум
- Од овие производи треба да се јаде млеко, сирење, кашкавал и др. За изградбата на коските и нивната цврстина е потребно калциум, витамин D, физичка активност и многу повеќе. Сето тоа го содржат токму млечните производи и затоа треба да бидат дел од менито секој ден!
7. Црвено месо, бел ориз, путер, бел леб, компири, бели макарони, сода и колачи
- Овие продукти се на врвот на листата. Тоа значи дека нив најмалку треба да ги употребуваме во нашата исхрана. Црвеното месо содржи многу масти кои се штетни за организмот и можат да предизвикаат болести на срцето и покачување на холистеролот во крвта бидејќи содржат заситени масти.
- Јадењето на бел ориз, путер, бел леб, бели макарони, сода и колачи може да доведе до зголемена телесна тежина, дијабетис, срцево заболување и други хронични нарушувања.
No comments:
Post a Comment