2/14/2014

5 причини зошто е добро да пиете црвено вино!

Денеска е денот на вљубените и денот на виното, почестете се себеси со чаша вино за добро расположение и добро здравје!!


Го намалува холестеролот
Црвеното вино содржи флавоноиди, кои се наоѓаат и во какаото, а кои делуваат како силен антиоксиданс и го намалуваат нивото на лошиот холестерол.Сое
диненијата од кожата на грозјето, кои во текот на ферментација остануваат во виното, се заслужни за намалената апсорпција на холестерол во крвта. 

Подо­бра мемо­рија
Виното помага во зачу­ву­вање на мемо­ри­јата. Спо­ред истра­жу­ва­њата, жените во 8-та деце­нија од живо­тот кои пиеле црвено вино, имаат многу подо­бра мемо­рија отко­лку оние што не пиеле. Покрај тоа, виното спре­чува зат­ну­вање на крв­ните садови, што може да има вли­ја­ние врз некои функции.

Го контролира нивото на шеќер во крвта
Кожата од црвеното грозје е заслужна за намалување на нивото на шеќер во огранизмот. Тоа е богато со ресвератрол кој помага при регулирање на шеќерот во крвта, што е особено важно за дијабетичарите.

 Го штити срцето и крвните садови
Антиоксидансите во црвеното вино кои се викаат полифеноли, помагаат во заштита на крвните садови, а со тоа и на срцето. Тие ги прават крвните садови пофлексибилни и спречуваат затнување на крвните садови.

   Пре­вен­ција од шеќер
Жените пред мено­па­уза кои пијат 1–2 чаши вино на ден имаат за 40% помал ризик да разви­јат дија­бе­тес тип 2. Овие резу­лтати се доби­ени од сту­дија на Харвард, која тра­ела 10 години.

Прочитајте повеќе овде!





2 comments:

Unknown said...

Do kolku casi najmnogu moze da se ispie od vinoto ?!

Gordana said...

Od edna do dve casi dnevno :)