Здравата исхрана е услов за добро здравје и виталност.Еве неколку видови храна кои секако ќе бидат добредојдени во вашиот организам.
Зрнести плодови
Сите зрнести плодови, како јагоди, малини, капини, боровинки, се богати со хранливи влакна кои се многу важни
за нормален и здрав дигестивен систем. Малините имаат најмногу хранливи влакна и се со анти-канцерогени својства, боровинките имаат дупло помалку влакна, но помагаат при подобрување на меморијата, а јагодите како овошки со најмало количество хранливи влакна од зрнестите плодови, се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Тие исто така помагаат во намалувањето на телесната маса.
Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со незаситени масти кои се добри за срцето.Луѓето кои редовно консумираат јаткасти плодови, си го продолжуваат животот за отприлика 2 и пол години. Оревите се најверојатно во центарот на вниманието, поради нивното високо ниво на алфа-линоленска киселина која е добра за здравјето на срцето и која го подобрува расположението.
Портокали
Само еден голем портокал или пак чаша цеден сок е одличен извор на витамин Ц. Витаминот Ц е од суштинско значење за производство на бели крвни зрнца и антитела. Портокалите се богати и со влакна и фолна киселина.
Чај
Доколку редовно пиете чај, го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни. Препорачливо е чајот да се пие топол и свежо сварен. Доколку сакате да го пиете ладен од фрижидер, во него додадете цеден лимон. Лимонската киселина и витаминот Ц ќе помогнат во зачувувањето на флавоноидите.
Јогурт
Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата. Само 1 чаша јогурт обезбедува речиси половина од препорачаната дневна вредност на калциум, а богата е и со фосфор, калиум, цинк, рибофлавин, витамин Б12 и протеин.
2 comments:
Prekrasni idei za sekoj den :)
Blagodaram :) Prodolzete da i citate nasite statii :)
Post a Comment