2/14/2014

Како до рамен стомак?

Многумина мислат дека единствен пат до рамен стомак е неуморното вежбање стомачни вежби. Но, факт е дека за појава на стомакот се најзаслужни нездравата исхрана и премалку движење.
Избегнувајте газир
ани пијалоци, гуми за џвакање и пиење од цевче
Најголем дел од цревните гасови се создаваат од проголтан воздух. Газираната минерална вода заменете ја со обична и додајте лимон кој има благотворно влијание на желудникот бидејќи е природен детоксикант.Гумите за џвакање ве тераат да голтате воздух и со тоа се создава сигнал дека јадете. Пиењето од цевче исто така доведува до голтање на воздух.
Избегнувајте бело брашно и неговите производи (бел леб, тестенини) 
Тие имаат многу малку влакна а можеби и воопшто немаат. Заради тоа го блокираат дигестивниот систем и предизвикуваат надуеност на стомакот. Користете интегрален леб и тестенини.
Вежбајте Многу е важно да правите кардио вежби ако сакате рамен стомак, а тоа вклучува и трчање, возење велосипед, аеробик и пливање.
Активирајте ги стомачните мускули
Ставете рака на стомакот и накашлајте се. Кога исфрлувате воздух, стомачните мускули се стегаат спрема телото. Таа положба пробајте да ја задржите во текот на денот, рамената опуштете ги и правилно дишете.Во оваа положба можете да одите, седите и вежбате. После неколку недели стомачните мускули би требало да бидат поцврсти и посилни.

2 comments:

Gabi said...

Mmm prekrasni soveti..vredi da se proba ;)

Unknown said...

Ti blagodarime Gabi :)